Fluffy Mini Pancakes
попуст
преостанува
Краток опис
Fluffy Mini Pancakes
Оргинален и нов начин да ги задоволиме желбите на сите оние кои навистина уживаат во слатките задоволства.
Добредојдовте во слаткиот свет на пуфкастите мини палачинки!
Супер вкусни пуфкасти мини палачинки прелиени со слатки преливи и крцкави додатоци. Правени по оригинален Холандски рецепт, подготвени на начин специјализиран за таа намена.
Комбинација по која со сигурност ќе се вратите!
Се тоа вклопено во мобилна продавница на три тркала за да дојдеме поблиску до вас. Комплетно дизајниран и професионално опремен концепт на продажба за независно функционирање на било која локација со исполнување на сите законски стандарди за продажба и чување на храна. И што е најинтересно? Го има само во Македонија.
Закажување настани
Флафимобилот е загарантирана атракција на секој настан. Ако се уште размислувате дали да бидеме дел од вашиот настан, имаме 5 причини кои ќе ви помогнат да одлучите:
- Оригинален и поинаков начин да ги задоволите слатките задоволства на вашите гости со најпуфкастите палачинки што ги пробале во животот.
- Свежо приготвено на местото на настанот и веднаш послужено.
- Овој болид за палачинки на три тркала постигнува количина од 0 до 100 мини палачинки за само 6 минути.
- Интересна и допадлива појава за сите генерации.
- Мобилен и самодоволен. Подготвен за работа на локации без струја и вода.
- Услужлив и професионален однос.
- 100% eco friendly и општествено одговорен концепт.
За закажување на настани контактирајте не на: fluffypancakesinfo@gmail.com
ENGLISH
SHQIP