Ava Atelier termin.mk

Ava Atelier

termin.mk
0%

попуст

преостанува

Краток опис


Ava Atelier

Ava Atelier е атеље за организација, декорација и осветлување на свадби и други видови прослави. Со капацитет за декорирање на десетина свадби во ист ден, Ви нудиме многу опции од кои можете да го одберете она што отсекогаш сте го замислувале за Вашиот најважен ден.

 

Нашите клиенти имаат можност да презентираат своја замисла која нашето атеље ќе ја изведе до совршенство, но имаат можност и да одберат од декорациите кои се веќе изработувани од нашиот тим.

 

Ava atelier се наоѓа во Т.Ц. Бисер на 1 спрат, а Вашиот термин за посета на атељето можете да го закажете на 078/34 77 66.

 

Услугите кои ги нудиме се следните:

 

1. Декорација на сала/ресторан

 

- невестинска маса (преден дел, цветни аранжмани, свеќници, декоративни елементи)

- гостински маси (навлаки на столчиња, машни на столчиња, чаршав, ранер, салфета, сервиета, цветен аранжман, свеќници, мени, бројче на маса, картичка за вечера)

- место за прием (декоративни ѕидови, сводови, сталаци, табла со распоред на гости, кутија за пари)

 

2. Декорација на домот

 

- декорација на дворно место (вклучува и изнајмување на коњопои)

- декорација на соба

- декорација на маса за кетеринг

- венчиња за на врата

 

3. Дополнителни услуги

 

- бомбончиња

- китенки

- пакување на дарови

- бидермаери

- покани

- црквени свеќи

- перниче за бурми

- украсување на автомобил

 

4. Осветлување и дополнителни ефекти

 

Нашиот тим со задоволство ќе ја реализира секоја Ваша замисла. Ве очекуваме.

Како до попуст?


За да ги искористите сите попусти, претходно мора да ги исполните следниве чекори:

  1. Испратите онлајн барање за термин до една од свадбените локации на Termin.mk
  2. Да го резервирате терминот во локацијата каде што имате испратено онлајн барање (во најголем број од случаите резервирано значи оставено аванс)
  3. Да не контактирате нас дека успешно сте испратиле онлајн барање и сте резервирале термин - кликнете на копчето ИСКОРИСТИ ПОПУСТ
  4. По проверката на Вашата успешно резервирана свабда од наша страна, ќе добиете купон по е-mail со кој ќе може да ги користите сите попусти

ВАЖНО: Терминот за кој сте испратиле онлајн барање за свадба, не мора да е ист со терминот кој потоа сте го резервирале во свадбената локација. Проверката на Вашата успешна резервација, нема да биде подолга од 48 часа.


0%

попуст

преостанува

Попустот вклучува

  • 10% ПОПУСТ на цел асортиман

Услови за Користење

  • Мора да имате испратено онлајн барање за термин и договорена свадба или било каква друга прослава кај наш клиент (свадбена локација)
  • Без разлика на договорениот Ваш термин, попустот мора да биде искористен до истекот на неговата важност (пр. Вашата свадба е во април 2015, а попустот важи до 1ви март 2015, Вие мора да го договорите фотографирањето до 1ви март)
  • Купонот може да го испечатите или покажете од Вашиот смарт телефон или таблет
  • Доколку немате услови на било каков начин да го приложите Вашиот купон, доволно е да приложите документ за идентификација, нашите соработници веќе го имаат Вашето име и презиме
Слични свадбени услуги и попусти